Крајчев: Македонија по сето ова ќе ја видиме посилна, посјајна и пообединета

 

Во центарот на Велес меѓу двата споменика на Рацин и „Коњаникот“ посветен на велешките Илинденци – војводи и вечерва како и во изминатите десетина дена се одржа мирен протест што го организира Граѓанското движење за обнова на Македонија (ГДОМ).

Велешкиот писател Игор Крајчев, како и неговите колеги од културата и од ГДОМ, го осуди сквернавењето на спомениците на кулурата во Скопје од страна на опозицијата и нивните подржувачи.

– Наша обрска и чест во завет кон  велешките војводи, борци и културни дејци е тој нивен сон за Македонија да го зачуваме и да го дадеме како наследство на нашите деца. Барем толку им должиме на Џинот, Жинзифов, Коле Неделковски, Рацин, Алабакот, Докурчев, Офицерчето, Гемиџиите, Миле Попјорданов и на сите кои се вградија себеси  во олтарот на оваа наша Македонија. Сигурен сум дека Македонија по сето ова ќе ја видиме посилна, посјајна и пообединета, рече Крајчев.

Оваа криза, истакна, трае предолго и е политичка, наметната и вештачка.

– Во духот на олемиот празник Велигден ги повикувам граѓаните од другата страна на смиреност, разум, љубов и разбирање. Да не дозволиме политиката да не раздели, да се замразат татко и син, брат со брат, зошто политиката е минлива, а ние остануваме и треба понатаму да се среќаваме и да живееме заедно, порача Крајчев.

 
 
27.04.2016 - 22:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега