Радовишани порачуваат: Доста Заев си играше со судбината на македонскиот народ и држава

 

Радовишани, како вчера, така и денес во огромен број излегоа за како што велат да го изразат својот револт против деструктивната политика која ја води „аболицираниот Заев“.

-Радовишани масовно кажаа „не“ за деструкцијата на Заев, „не“ за уништувањето на културно историските споменици, „не“ за вандализмот. Доста беше и доста Заев си играше со судбината на македонскиот народ, со судбината на нашите деца. Радовишани во огромен број покажаа дека сакаат избори со кои ќе заврши оваа политичка криза, вели Станко Манчевски од ГДОМ.

radovis-gdom1

Од ГДОМ во Радовиш се уверени дека избори на 5 јуни ќе има бидејќи, како што велат, тие се единственото логично решение. Сметаат дека Македонија е предолго во криза и редно е да и се стави крај на агонијата.

radovis-gdom2

 
 
28.04.2016 - 21:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега