Седум причини зошто сопругот на убиена Јелена е најсомнителен на полицијата

Теории и нагодувања има во изобилство, за сега, ниту една од тие не го откри убиецот на Јелена Крсмановиќ Марјановиќ.

Пејачката на Гранд брутално беше убиена на 2 април додека трчала по насипот во близина на својата куќа.

Можеби најужасно всушност е тоа што во целата прказна членовите на семејството се најсомнителни. Не поминаа на полиграфот, даваа контрадикторни изјави цело време постои сомневање дека нешто кријат и не ја кажуваат потполно вистината.

Уште еден детал кој семејството на починатата го става во многу непријатна ситуација е и фактот дека, како што открија форензичарите, целата куќа на семејството Марјановиќ, по убиствиото на Јелена, детално е исчистена со варакина.

Дури и тепихот кој форензичарите при претресот на куќата го земале, бил целосно исчистен со варакина. Интересно е тоа што дури и ѕидовите биле измиени.

Сепак, од сите и понатаму најсомнителен  всушност е сопругот на убиената Јелена, Зоран Марјановиќ.

Ова се седумте причини поради кои Зоран е под „лупа“, како и кај јавноста, така и кај полицијата.

Зоран два пати е подложен на полиграф и два пати не поминал.

Рацете, по убиството, му биле крвави и изгребани.

Даваше контрадикторни изјави за тоа каде бил и што правел, пред, за време и по убиството.

Исчезнувањето на сопругата Јелена го пријавил по четири часа.

Сведоците тврдат дека Јелена и Зоран се скарале непосредно пред убиството.

Пријателите на парот откриле дека Зоран бил целосно опседнат со својата сопруга.

Зоран заедно со членовите од семјството целосно ја исчистиле куќата со варакина.

Полицијата по разговорот со мајката на Зоран, Зорица, истражува можност дека убиецот можеби е еден од нејзините клиенти кои ги лечела со своите „посебни“ моќи. 

 
 
28.04.2016 - 15:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега