Крвава семејна драма во Македонија: Браќата го тепале со палка па го боделе со нож

Крвава семејна драма се одвивала синоќа на улицата Маршал Тито во Тетово.

Според податоците, во 11 часот и 20 минути, 49-годишниот Џ.И. од селото Слатино започнал расправија со браќата, 32-годишниот С.И. и 40-годишниот Г.И. од Тетово, како и со уште едно засега непознато лице. Едниот од браќата му прснал спреј за онеспособување во пределот на лицето, а С.И. со нож го прободел во пределот на левата страна од телото,  додека непознатото лице со безбол палка го удрило во пределот на главата.

Несреќниот тетовчанец бил пренесен во Клиниката во Тетово, од каде што поради сериозноста на повредите бил пренесен во Клиниките во Скопје.

Се превземаат мерки.

 
 
29.04.2016 - 11:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега