Многу несреќи на Велигден и Први Мај - еве што се случуваше

Во текот на изминатите пет дена, за време на Велигденските празници, на подрачјето на Скопје се случиле 48 сообраќајни незгоди. Повредени се вкупно 27 лица.

На Велики четврток извршен е увид на 15 сообраќајни незгоди. Шест се со материјална штета, а во осум со полесни повреди се здобиле девет лица. Се случила и една сообраќајка во која со тешки телесни повреди се здобило едно лице.

Увид на вкупно 13 сообраќајки е извршен на 29 април - петок.  Од нив седум се со последица материјална штета, додека во шест со полесни повреди се здобиле седум лица, додека во саботата извршен е увид на вкупно осум сообраќајни незгоди, од кои пет се со последица материјална штета, а во две со полесни повреди се здобиле три лица. Се случила и една незгода во која со тешки телесни повреди се здобило едно лице.

На 1мај во неделата на подрачјето на Скопје се случиле шест сообраќајни незгоди. Од нив три се со последици материјална штета, а во три со полесни повреди се здобиле пет лица.  

Вчера извршен е увид на вкупно шест сообраќајни незгоди. Од нив пет се со последица материјална штета, а во една со полесни повреди се здобило едно лице.

Во текот на изминатите пет дена од страна на сообраќајната полиција, откриени се поголем број на прекршоци, пренесува МИА.

Санкционирани се пет возачи кои со возилата се движеле со брзина поголема од дозволената, еден возач го управувал возилотоа под дејство на алкохол и е исклучен од сообраќај. Еден возач поминал на црвено светло на семафорите. Шест возачи за време на управување на моторните возила, не го користеле сигурносниот појас или го користеле мобилниот телефон. Педесет возила биле непрописно паркирани, 18 лица управувале возила без да поседуваат возачка дозвола, додека 27 возачи управувале неригистрирани возила.

Со помош на специјалното возило „пајак“ отстранети се 66 возила.

 
 
03.05.2016 - 09:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега