Крвав понеделник во Македонија: Маж го загуби животот во сообраќајка

Во 06 часот и 30 минути на магистралниот пат Битола-Ресен се случила сообраќајна незгода во која 26-годишниот В.Ј. од Скопје  управувајќи возило „Фиат Стило“ со гостиварски регистарски ознаки, изгубил контрола и удрил во заштитните еластични огради од левата и од десната страна, по што излетал од коловозот.

Според податоците од полицијата, од здобиените повреди В.Ј. починал на местото на настанот, додека сопатниците Д.К. (24) и В.М. (26) од Скопје, М.Т. (26) и М.З. (21) од Битола и С.Д. (21) од Гостивар, се здобиле со телесни повреди.  Истите по укажаната медицинска помош во Ресен, се префрлени во Клиниката во Битола.

Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и екипа од полицијата.

По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено на обдукција.

 
 
03.05.2016 - 12:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега