Делови од Бутел, Чаир и Гази Баба утре без вода

Од 9 часот утре без вода ќе останат корисниците од населбата Визбегово, општина Бутел. 

Како што информира РЦУК – Скопје, прекинот во водоснабдувањето е поради чистење и хлорирање на резервоарот во Визбегово и ќе биде се до завршување на работите. 

Поради изведување водоводен приклучок на главна цевка на крстосницата меѓу улиците „Цветан Димов“ и „Коста Абрашевиќ“, утре од 9 до 14 часот без вода ќе останат корисниците од улиците „Панче Неделковски“, „Чаирска“, „Цветан Димов“ и „Севастополска“, како и објектот на гинекологија Чаир и населбата Гази Баба.

 
 
03.05.2016 - 16:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега