Свекорот на Јелена се издаде - „Зорице ги зезнав ќе се извлечеме“, со зборови кон неговата сопруга

Помина точно еден месец од бруталното убиство на Јелена Крсмнановиќ, а полицијата и понатаму деноноќно трага по убиецот.

Сепак целиот случај е многу блиску до решението, но и понатаму не постојат материјални докази кои би можеле да излезат пред лицето на правдата, односно убиецот да биде уапсен.

Семејството Марјановиќ и понатаму се под бурно око на полицијата, а додатно ја подгреа ситуацијата и свекорот на брутално убеаната пејачка, кој на некој начин сам додаде дека е вмешан во случајот. 

Владимир минатата недела повторно бил сослушуван во станица „29 ноември“ поради убиството, а откако излегол од полиција, се стрчал во прегратките на својата сопруга Зорица која го чекала и и рекол:

„Зорице, ги зезнав. Ќе се извлечеме! Не се секирај, мислам дека нема повеќе да ме чепкаат„ , рекол извор кој во тој момент се наоѓал пред полицијата. Полицјата сметала дека Владимир верувајќи дека може да се извлече, може да направи некој погрешен чекор и така да обезбеди нови докази за конечно по еден месец да се стави точка на тоа брутално убиство кое ја преокупираше јавноста.“

 

 

 
 
04.05.2016 - 09:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега