Внимавајте - ЕВН најави нови исклучувања низ Скопје

- Од 9:30 до 15 часот утре без електрична енергија ќе бидат дел од корисниците од улиците „Австралиска“, „Николај Островски“ и „Лука Геров“ во општина Ѓорче Петров.

Во периодот од 9 до 14 часот без струја ќе бидат корисниците од улицата „Варшавска“ од број 40 до број 50, парни броеви, во општина Карпош.

Од 9:30 до 15 часот без струја ќе бидат дел од корисниците од улиците „Дринска“, „Нов живот“, „Вашингтонска“ и „Виничка“ во општина Шуто Оризари.

РЦУК – Скопје информира дека прекините се поради инвестиции во електросистемот.

 
 
04.05.2016 - 11:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега