Банкнотата од 500 евра заминува во историјата


Европската централна банка соопшти дека до крајот на 2018 година ќе престане да ја печати банкнотата од 500 евра.

Банкнотата нема да се печати поради загриженоста што оваа виолетова банкнота криминалците најмногу ја користат за перење пари, па дури и за финансирање на тероризтички активности.

„Банкнотата од 500 евра ќе остане законско средство за плаќање и се тоа и понатаму ќе биде во употреба“, соопшти ЕЦБ по состанокот на нивниот Совет, а пренесе Ројтерс.

Банката додава дека „банкнотата од 500 евра, како и банкнотите со други вредности секогаш ќе ја задржат својата вредност и ќе можат да се разменат во националните централни банки во рамките на Еврозистемот во текот на неограничен временски период.

Речиси 30 отсто од преку 1.000 милијарди евра готовина во оптек, минатата година биле во апоени од 500 евра, покажаа неодамна објавените податоци на ECB.

Банкнотата од 500 евра е една од највредните во светот, со вредност која во моментот е повеќе од пет пати поголема од најголемата американска банкнота во оптек од 100 долари

 
 
05.05.2016 - 09:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега