Ставете ги денарите во банка - каматите ќе растат

По зголемувањето на референтната каматна стапка од страна на НБРМ, се очекува поскапување на кредитите но и зголемување на каматите за штедните влогови во денари.

"Стопанска банка Скопје ги следи севкупните активностите, особено интерно каде што во последниот период и не забележуваме екстремни придвижувања. Сепак, имајќи ја предвид пошироката констелација на збиднувања и зголемената побарувачка за девизи, објавеното зголемување на каматните стапки на благајничките записи од 3,25% на 4% може да резултира со придвижување и на активните и пасивните каматни стапки во Банката, доколку овие промени кај благајничките записи се од подолгорочен карактер", изјавија од Стопанска банка за Вест.

Од Тутунска банка велат дека каматата на картичките нема да се промени, а движењето на каматите ќе зависи од понудата и побарувачката.

Експертите сметаат дека најголема корист ќе имаат оние кои ќе се решат да штедат во денари, бидејќи поголемите камати на благајничките записи ќе повлечат и поголеми камати за депозитите на граѓаните.

 
 
05.05.2016 - 10:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега