Кристијан Голубовиќ се обиде да се самоубие

Осудениот криминалец Кристијан Голубовиќ се наоѓа во тешка психичка состојба откако е повторно во затвор. Тој се обидел да се самоубие со удари од тврд метален предмет кои си ги нанел на телото. 

Како што дознава српскиот Курир, некогашното лошо момче кое одлежува казна затвор од 4 години за некогашните кривични дела, се обидело да си го одзеде животот. Тој е во тешка депресија, а изворот за порталот вели дека навреме било спречено да се самоубие.

Сепак, адвокатот на Кристијан ги демантира овие тврдења велејќи дека Кристијан е човек кој 22 години ги поминал во робија и ниеднаш не се обидел да се самоубие бидејќи е во добра психичка и физичка состојба.

 

 
 
05.05.2016 - 12:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега