Приведени 29 Авганистанци кај демиркапискa клисура

Утрово околу 7.30 часот на стариот пат Удово-Демир Капија во близина на раскрсницата кон демиркапиското село Клисура, приведени се 29 мигранти од Авганистан, потврдија за МИА од МВР. 

- Од страна на полициски службеници било сопрено товарно моторно возило „Ивеко" со српски национални ознаки. Во возилото управувано од 23 годишен жител на Република Србија, биле пронајдени 29 мигранти од Авганистан, појаснуваат од МВР и додаваат дека  и возачот и мигрантите се приведени во полициската станица во Неготино.

 
 
05.05.2016 - 15:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега