Откриена најголемата тајна во истрагата за Јелена

Откриена најголемата тајна од истрагата за бруталното убиство на Јелена Крсмановиќ Марјановиќ. На нејзината тренерка која ја носела кобниот ден, форензичарите пронашле крв која и припаѓа на жена, што не докажува дека таа е убиена од жена, но сепак била во контакт со женска личност непосредно пред смртта.

ДНК-та најдена кај тренерката е веднаш споредена со крвта на свекрвата на Јелена, Зорица, а сега се чекаат резултатите.

На прашањето на српскиот Информер дали ДНК-та која е пронајдена е можно да е од ќеркичката, изворот вели дека таа опција е исклучена.

Тоа што е пронајдена жеснка ДНК докажува дека непосредно пред кобниот настан во кој Јелена беше убиена со 30 удари од дрвена палка, таа имала контакт со жена.

Анализите ќе покажат дали е тоа свекрвата која падна на полиграф.

 
 
06.05.2016 - 09:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега