Ново поскапување на цигарите во Македонија

Согласно календарот за зголемување на акцизата за цигари, од први јули предвидено поскапување од три денари за кутија цигари.

Новата, повисока цена во продавниците на Македонија треба да почне да се применува на стартот од летото доколку производителите не решат тие да ја компензираат.

Ова е последно зголемување на цените за 3 денари по кутија. Согласно планот, од наредната година цигарите ќе поскапуваат по 4 денари годишно.

Ваквиот тренд на покачување за осум години драстично ќе ги поскапи цигарите во земјава, кои се очекува да надминат 2,5 евра по кутија.

 
 
06.05.2016 - 11:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега