Уште една жена убиена на ист начин и исто место каде беше убиена Јелена

Белградската полиција, која го испитува убиството на Јелена Марјановиќ (32), е во потрага по човекот кој пред десетина години убил една старица во Борча, и тоа недалеку од местото каде е пронајдено телото на пејачката.
 
На овој монструм, според пишувањето на „Новости“, пред три години му завршила затворската казна.
 
Бабата била убиена за време на разбојништво во нејзината куќа, недалеку од насипот, удирајќи ја со мотика по главата.
За потсетување, на исти начин беше убиена и Јелена Марјановиќ чие тело после исчезнувањето е пронајдено на 3 април неделаво канал полн со вода. Аутопсијата покажа дека таа била убиена со неколку удари од тап предмет во глава, предизвикувајќи кршење на черепот.
 
Полицијата, всушност, ја проширила истрагата и потенцијалните луѓе кои во минатото извршиле слични кривични дела.
 
 
06.05.2016 - 14:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега