ФОТО: Ангела отишла на гробот на татка си - од таму ја изнеле мртва

 

Беше сонувач, нежна уметничка душа, живееше за музиката. Некој нека ми каже, има ли правда, што така добри луѓе заминуваат. Со овие зборови Наташа Реиќ Матковиќ, сплитска пејачка и пријателка на Ангела Бонацин од Каштел, Суќурац, се прости од својата пријателка.

32-годишната Ангела трагично настрада од удар на гром во текот на неочекуваната бура во петокот околу 9 часот и 20 минути, кога со пријателката отишла во Суќорац, на падините на Козјак, каде е светилиштето на Госпа на Хлад. Носела цвеќе на гробот на својот татко Дуе. Се помолила за него во пресрет на празникот свети Дуе, неговиот именден. Таткото неочекувано и починал во јануари минатата година од срцев удар, а никој не насетувал дека ќе се случи уште една ваква голема трагедија.

Гледајќи во црните облаци, Ангела и пријателката тргнале кон дома. Наеднаш почнало силно грмење, а потоа и дожд проследен со град. Тие двете се сокриле под 20-метри високиот чемпрес на влезот од гробиштата кога во него силно удрила молња. Од ударот стеблото од чемпресот се расцепило и парчиња дрва и гранки  летале на сите страни. Двете девојки останале да лежат на земја.

-Цел ден беше сончево, но се виде дека се собираат облаци над Козјак. Кога почна да грми, се уште имаше сонце. Неколку пати удри громот толку гласно што се наеживме и ние што не се плашиме од грмотевици. Како што слушнавме, удрил гром и во далекуводот, говорат шокираните мештани.

Набрзо дошле возила на брзата помош и се обиделе да ја реанимираат Ангела, но за жал и немало спас. Од ударот на громот се здобила со изгореници од кои починала.

 
 
09.05.2016 - 11:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега