Детали за хоророт кој го потресе Балканот: Го претепала мажот до смрт - синот и помогнал

 

Телото на 43-годишниот Роберт Курина  од Суботица е пронајдено вчера крај патот во Савска улица, на периферијата на банатското село Остојиќево кај Чока.

Под сомневање дека извршиле убиство, полицијата ја уапси невенчаната сопруга на Роберт, 34-годишната Е.М. и Б.Б. нејзиниот син од претходниот брак, кој неодамна станал полнолетен.

На убиството наводно, му претходела кавга на невенчаните сопружници, по што Е.М. го напуштила Роберт и се вратила во Остојиќево кај својата мајка. Двајцата осомничени се товарат дека на Курина му нанеле тешки телесни повреди со тап предмет од кои починал на самото место на настанот.

На Е.М. (34) од Кикинда и нејзиниот син Б.Б. (18) од Бечеј им е одреден притвор од 48 часа, под сомнение дека го извршиле убиството.

 
 
09.05.2016 - 11:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега