Стигна казната за бруталното убиство: 40 години затвор за убиецот на малолетната Ивана

 

Судот во Белград пресече-40 години затвор за убиецот на 14-годишната Ивана Подрашчиќ од Србија. Дарко Костиќ 40 години ќе помине во затвор за свирепото убиство кое го потресе регионот.

Тој е осуден за кривично дело-тешко убиство, бидејќи тој ја однел Ивана во напуштена куќа, ја силувал, а потоа ја убил брутално со мотика по главата.

Костиќ има право да поднесе жалба до Апелациониот суд за одлуката.

Инаку, тој уштево минатото, во 1993 бил учесник во бруталното убиство на 64-годишната Јулијана Лукшиќ. Тој заедно со другар ја заклал старицата.

Телото на Ивана беше пронајдено во 2014 година во напуштена куќа. Тој најпрво ја силувал, па ја убил со мотика. 

Малолетничката претходно била пријавена за исчезната.

 
 
09.05.2016 - 13:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега