МЗШВ: Цветков формираше посебна комисија за програмата „Јапонска помош“

 

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство денеска информира дека за програмата „Јапонската помош“ министерот Михаил Цветков веднаш по стапувањето на должност формирал посебна комисија.

– Бидејќи се работи за обемен материјал, имајќи предвид дека средствата од јапонската помош се реализирани преку неколку јавни повици и тоа почнувајќи од 1997, 1998, 1999, 2000, 2001 и од 2008 година, потребен е подолг период за прибирање на валидна документација, се вели во соопштението од МЗШВ.

Во периодот од 2002 до 2004 година, во времето на министерот на СДСМ Славко Петров,  се наведува во соопштението, направени се големи злоупотреби со потпишување невалидни договори на кои стои само име и презиме. – Поради тоа комисијата се соочува со потешкотии да ги идентификува вистинските корисници на оваа помош. По завршувањето на работата на комисијата, ќе се има целосен увид во документацијата, информира МЗШВ.

 
 
09.05.2016 - 17:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега