„Не знаев дека сум оружје во рацете на оние кои сакаа да доведат своја власт во Србија за да ја ограбат“
Ние во Србија имаме само една среќа, како да кажам среќа или случајни околности, што го преживеавме 5-ти октомври. И ние знаеме за таа измама, вели Драган Вучичевиќ, главен уредник на српски Информер во емисијата на Васко Ефтов.
-Ако мене ме прашувате јас лично ќе ви кажам: Јас на тој 5-ти октомври бев помеѓу демонстрантите кои го палеа Собранието, бев дел од опозицијата. Мене мојот син кој сега има 14 години, роден е 2002 година, кога е годишнина од 5-ти октомври и ја пуштаат снимката на телевизија, кога ме прашува дали сум бил таму- јас молчам, срам ми е да му кажам дека сум бил таму. А бев таму затоа што не го знаев она што сега го знам. Не знаев дека сум оружје во рацете на оние кои сакаа да доведат своја власт во Србија за да ја ограбат. Сега може да мислиме за Слободан Милошевиќ што сакаме, да тврдиме дека бил тиранин или диктатор, ваков или онаков и тоа е во ред, секој има право на свое мислење, но кога Милошевиќ е сменет ниту една банка во Србија не беше ограбена, додава Вучичевиќ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа