Запален автомобил на полицаец

 

Непознати сторители минатата ноќ го запалиле автомобилот на сообраќајниот полицаец Б.Р. од Ваљево, Србија.

Неговиот автомобил марка „рено“, паркиран пред зградата во која живее Б.Р. запален е ноќта помеѓу понеделник и вторник околу 3 часот. По палењето, дошло до експлозија од која се оштетени околните излози на продавниците во приземјето на зградата, а во пожарот целосно се уништени предниот и задниот дел на „реното“.

Повредени за среќа нема, а пожарникарите со брзата интервенција го спречиле ширењето на огнот. 

Б.Р. е вработен во Одделението на сообраќајната полиција за обработка на записниците за сообраќајните несреќи, а како што дознава српски Ало, камерите од соседната зграда снимиле маж кој го полил неговиот автомобил со бензин, го запалил и побегнал од местото.

 

 

 
 
10.05.2016 - 15:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега