МПЦ загрижена за актуелните состојби во државата

 

 

Архиепископскиот управен одбор на Македонската православна црква – Охридска архиепископија искажува загриженост за актуелните состојби во државата и упатува повик до верниците и до сите граѓани на Република Македонија за надминување на состојбата во насока на меѓусебно помирување и зацврстување на заедништвото преку одговорно однесување засновано врз взаемна почит и разбирање.

Тоа го сооопшти Архиепископскиот управен одбор на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, по редовното работно заседание одржано денеска во просториите на Македонската архиепископија.

Архиепископскиот управен одбор ги повикува и сите одговорни лица и институции да сторат усилби за одбрана и сочувување на националниот идентитет, името и опстојување на унитарноста на државата Република Македонија.

 
 
10.05.2016 - 15:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега