Успешна интервенција на струшките спасители - спасено детенце кое паднало од педалинка

Спасителите на плажите на струшкото крајбрежје минатата недела имале две успешни интервенции. Се работи за дете што паднало од педалника и малолетник, кој скокнал од платформа.

- Имаше пад од педалинка на малолетник на потегот помеѓу „Пливалиште“ и „Женска плажа“ при што имаше знаци на давење, при што спасителот веднаш успешно реагираше. На плажата „Аквариус“ беше спасено и дете кое скокна од платформата, по совесното и брзо реагирање на спасителот се добро се заврши, изјави Мачоски, координатор на спасителите.

- Со охридската капетанија тековно соработуваме за почитување на забраната за присуство на скутери и други пловни објекти со цел намалување на проблемите и секако поголема безбедност за сите посетители на струшките плажи, додаде Мачоски.

ФОТО: Дневник

најчитано сега