Вонредна прогноза: Силно невреме во Скопје

 

Утре во Макеоднија ќе има нестабилно време проследено со пороен дожд, ветер и грмежи. Се очекува да наврнат и до 20 литри на метар квадратен. Ќе дува силен ветер и невремето ќе биде проследено со грмежи.

Времето денеска во Македонија ќе биде сончево со умерена, а на места и значителна облачност и со слаб до умерен јужен ветер, особено во југоисточните делови. Доцна попладне ќе има локална појава на краткотраен пороен дожд и грмежи, најпрво во западните, а потоа и во источните делови.

Во Скопје ќе биде сончево со умерена, а попладне и значителна облачност и со слаб до умерен јужен ветер. Доцна попладне ќе има појава на краткотраен пороен дожд и грмежи.

Во петок и в сабота ќе биде топло и ветровито со умерен до засилен југозападен ветер, кој ќе биде најизразен на повисоките места и на планините. Услови за врнежи од дожд ќе има во сабота вечер и во понеделник.

 
 
11.05.2016 - 13:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега