ГДОМ денеска со масовни граѓански собири во 7 градови
Масовните граѓански собири организирани од Граѓанското Движење за Одбрана на Македонија не запираат и денеска и продолжуваат во Струга, Битола, Крива Паланка, Штип, Гевгелија, Ресен и Тетово, во 19 часот.
Граѓаните уште еднаш гласно и масовно ќе повторат дека решението на политичката криза мора да дојде, а единствениот пат кон решението оди преку изборите.
-Иднината на Македонија зависи од нашиот разум и капацитет за демократичност – граѓаните имаат Уставно загарантирано право на избор и граѓаните МОРА да го искористат. Тоа е нашето оружје, тоа е нашата моќ. Сакаме самите да одлучуваме за сопствениот живот и за сопствената иднина. Ова е начинот кој го бираме, избори на кои народот ќе одлучи за себе! Ништо друго не е опција. Срамота и противуставно е на граѓаните да им се лимитира правото на избор. Други го правеле тоа низ годините, а победите над нив ги славевме на 9-ти мај. Граѓаните мора да бираат, Македонија ќе победи, се вели во Фејсбук статусот на ГДОМ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа