Во март вриело од туристи: Бројката поголема од лани

Во март годинава во Македонија се евидентирани 44.593 туристи кои оствариле 94.566 ноќевања, соопшти Државниот завод за статистика. 

 Бројот на туристите во однос на март лани е зголемен за 23,3, а на ноќевањата за 25,8 отсто. Зголемувањето кај домашните туристи е 23,2, а кај странските 23,4 проценти. 

Бројот на ноќевањата на домашните туристи, пак, е поголем за 39,2, а на странските туристи за 17,3 отсто. 

Во периодот јануари-март 2016 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 16,7 отсто и тоа кај домашните за 18,4, а кај странските за 15,8 проценти. 

Во периодот јануари-март годинава бројот на ноќевањата е зголемен за 21 отсто. Кај домашните туристи има зголемување за 29,5 проценти, а кај странските за 15,1 отсто.

 
 
12.05.2016 - 12:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега