Јанкулоска: Кога апсиме не најавуваме

Денеска министерката за внатрешни работи на Македонија, Гордана Јанкуловска, изјави дека МВР постапува согласно закон и наредбите од надлежни институции и дека не ги најавува полициските акции. Министерката ова го нагласи одговарајќи на новинарско прашање за приведувањето на Паско Кузман.

- МВР кога ќе добие наредба од обвинителството, како што тоа беше во конкретниот случај, веднаш постапува без никакви консултации и информации. Тоа е практика на секое МВР во светот бидејќи само така ќе бидеме подготвени да одговориме во секој момент кога обвинителството од нас тоа ќе го побара, изјави Јанкулоска.

- Ако во овој момент МВР добие каква било наредба од обвинителството и од судот, таа ќе биде веднаш спроведена и за тоа не мора да биде информиран ниту министерот, ниту повисоките државни функционери бидејќи врз професионалното извршување на работите не влијае никаква политичка одлука, прецизира министерката.

најчитано сега