Едукативен настан за поголема грижа кон домашните миленици

Агенцијата за храна и ветеринарсто (АХВ) денеска организира едукативен, промотивен настан за подигнување на јавната свест за одговорноста и грижата за домашните миленичиња.

Настанот е дел од регионалната кампања на Светската организација за здравствена заштита на животните (ОИЕ) за одговорно сопствеништво која се спроведува и во Србија, Хрватска, Бугарија, Косово, Албанија и Црна Гора. Крајната цел е ограничување на пренесувањето болести кај луѓето и контрола на бездомните кучиња.

Според АХВ, настанот е од забавен карактер. Ќе се одржува  кај спомен фонтаната „Тоше Проески“ на детската улица во Скопје. Најавено е учество на детскиот хор „Златно славејче“, како и на рок бенд. Поканети се сите граѓани, сопствници и идни сопственици на домашни миленицчиња.

 
 
13.05.2016 - 08:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега