Истрагата за Јелена стигна до Германија: Клучниот доказ во рацете на полицијата
Убиецот на Јелена Крсмановиќ Марјановиќ е уловен на безбедносни камери. Германската полиција ќе ги прегледа снимките од насипот кај Борча, од три различни агли, и ќе открие кој е убиецот на Јелена кој не остави никаква трага зад себе.
Човекот кој се гледа на сите три снимки, е толку заматен, што полицијата во Србија не можеше да открие кој се крие на нив. Не е јасно дали дошол со мотор или велосипед на насипот кај Црвенка, каде со камен ја удирал и усмртил несреќната ѕвезда на Гранд.
Соговорник од истрагата која е веќе трае два месеца, вели дека снимките се клучни за откривање на монструмот кој ја крена Србија и регионот на нозе.
Јелена беше убиена на 2 април и зад себе ја остави 5-годишната ќеркичка.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа