МЗШВ ги отфрли обвинувањата на Николовски за „јапонската помош“
Министерствотото за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) ги отфрли денешните обвинувања на дополнителниот заменик-министер Љупчо Николовски.
Во писмената реакција, МЗШВ потсетува дека министерот Михаил Цветков веднаш по стапувањето на должност формираше посебна комисија за „јапонската помош“.
- Бидејќи се работи за обемен материјал, а имајќи предвид дека средствата за јапонската помош се реализирани преку неколку јавни повици, почнувајќи од 1997 година, потребен е подолг период за прибирање валидна документација. Комисијата е при крај со работата, што значи дека наскоро ќе се има целосен увид во документацијата, по што и ќе ги објавиме официјалните информации, наведува Министерството.
Според МЗШВ, најголемите злоупотреби на „јапонската помош“ се направени во периодот 2002-2004 година, кога министер за земјоделство бил Славко Петров од СДСМ. - Во тој период, Владата предводена од СДСМ додели 50-ина трактори на нивни блиски, без за тоа да постои валидна документација, стои во реакцијата на МЗШВ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа