Мртва жена лежела на улица, работник доживеа бизарна несреќа - хорор викенд

Многу несреќи и трагедии овој викенд ја потресоа Македонија. Се случија неколку инциденти и неколку сообраќајки кои поминаа со повредени лица, а беше пронајдена и мртва жена на улица.

Македонската полиција е на нозе откако исчезнаа три лица. Во 15 часот во Полициската станица Бит Пазар, 56-годишниот Н.П. од Скопје пријавил дека на 10. месецов во 09 часот и 30 минути од дома во непознат правец заминал неговиот брат, 39-годишниот Р.П. Истиот се јавил на неговата сопруга и кажал дека со возило „Форд Галакси “ непознат регистарски број ќе патува службено за Турција.

Исто така, во 19 часот во Полицијата во Теарце, 46-годишниот А.Љ. од Слатино пријавил дека на 11. месецов околу 12.00 часот од неговата куќа во непознат правец се оддалечила неговата ќерка. Се работи за 20-годишната А.Љ.

Било пријавено уште едно исчезнување. 27-годишниот Џ.Б.  од Куманово пријавил дека на 13. месецов  околу 13.30 часот од неговиот дом во непознат правец се оддалечила неговата сестра Ф.Б. (23) од Куманово.

Се случија и неколкустрашни сообраќајки. Во 10 часот и 50  минути на регионалниот пат Прилеп-Вештачко езеро се случила сообраќајна незгода во која  „Лада рива“ без регистарски ознаки, управувана од 20-годишниот Е.У.  од Прилеп,  изгубила контрола  и удрила во паркиран автобус „Неоплан“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на „Бисер пром“ ДОО Скопје. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил Е.У.  кој бил пренесен во болницата во Прилеп и истиот ќе биде задржан на понатамошно лекување.

Се случила и несреќа во Скопје. Во 17 часот и 45 минути од Итната медицинска помош во полицијата во Куманово било пријавено дека 25-годишниот И.С.  работејќи на објект на улицата „Трета Македонска Ударна Бригада“, паднал и се здобил со повреди опасни по животот.

Истиот како итен случај бил пренесен во Ургентен центар -Скопје на Одделот за трауматологија.

Се случија и две крвави семејсни драми. Како што пренесува македонската полиција, синоќа во 20 часот и 20 минути во полиција во Кавадарци, 46-годишниот Т.И. од Кавадарци пријавил дека врз него бил извршен физички напад од страна на неговата сопруга, 41-годишната З.И.

Истиот ден околу 17 часот и 45минути во канцеларија на приватна фирма во Кавадарци, З.И. влегла и започнала со разни предмети да фрла по него, по што тој бил погоден во пределот на главата и телото, а во еден момент бил гризнат на палецот од левата рака.

Кавадарчанецот со цел да го одбие нападот, ја турнал неговата сопруга и на неа и била укажана лекарска помош во болницата во Кавадарци, по што била лишена од слобода.

Во 23 часот и 30 минути од Итна медицинска помош било пријавено дека во  „Јурија “ во населбата „Ѓорче Петров“ има лице прободено со нож.

Полициски службеници излегле на местото на настанот и констатирале дека се работи за  32-годишниот Н.Д. од Скопје. Истиот, во семејна расправија се здобил со тешка телесна повреда-убодна рана од нож во пределот на градниот кош, која му ја нанела неговата сопруга, 26-годишната Г.С.

Се случила и трагедија кога во 18 часот, од страна на Итната медицинска помош, било пријавено дека на патот за селото Соње до општината, лежело непознато женско лице кое не давало знаци на живот.

Полициски службеници излегле на местото на настанот и било констатирано дека се работи за 72-годишната О.Ј. од Сопиште.

По наредба на Јавен обвинител телото на починатата ќе биде предадено за обдукција на Институтот за Судска Медицина. 

Исто така, тeшка сообраќајна несреќа се случи на булеварот Партизански одреди околу 19:20 часот. До сообраќајната несреќа дошло кога автомобил БМВ се скопски регистарски таблички поради неприлагодена брзина удрил во патничко моторно возило Рено Канго, при што двете возила излетале од коловозот.

Во петокот во  17 часот и 45 минути од Итната медицинска помош во полицијата во Куманово било пријавено дека 25-годишниот И.С.  работејќи на објект на улицата „Трета Македонска Ударна Бригада“, паднал и се здобил со повреди опасни по животот.

Истиот како итен случај бил пренесен во Ургентен центар -Скопје на Одделот за трауматологија.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Дефинитивно ова е уште еден црн и крвав викенд во Македонија.

 

 
 
16.05.2016 - 10:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега