Обвинетите во Ќелија ја признаа вината

Уште петмина обвинети во случајот Ќелија, за учество во странска војска, полиција, паравоени или параполициски формации, денеска повторно се на обвинителна клупа. Иса Фуга, Абдула Абдуљаи, Ерол Рустеми, Мухамед Имери и Стeфан Стефановски ја признаа вината за кривичните дела за кои се обвинети во случајот во јавноста познат како „Ќелија“, пренесе Нова Тв.

За потсетување, акцијата беше спроведена во август минатата година во повеќе градови низ Македонија.

Уапсени беа девет лица, сите македонски државјани, но со различна националност, поврзани со регрутација и логистика за странски терористички организации. Уапсени се уште две лица.

Акцијата беше насочена кон припадници на фундаменталистичка група која рерутирала борци од земјава за воените боишта во Сирија и во Ирак. Најголем дел од приведените во оваа акција се повратници од овие воени жаришта и лица кои учествувале во паравоени формации.

 
 
16.05.2016 - 11:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега