Драма во лифт во Куманово

Драма во влез на зграда во Куманово. Во 10 часот и 40  минути во полициска станица било пријавено дека 37-годишната Ј.М. била нападната во 09 часот и 45 минути.

Според податоците од полицијата, жената чекала да влезе во лифт од зградата, кога одеднаш трчајќи до неа дошло непознато лице и со една рака ја фатило во пределот на устата, ја турнало на подот  и и одземало ташна во која имала 640 денари и лична карта.

Полицијата работи на расветлување на настанот.

 
 
16.05.2016 - 13:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега