Ограбена старица пред својот дом - пеколно утро за кумановчанка

Седумдесет и тригодишната кумановка Ј.М. вчера во 09:45 часот била ограбена додека чекала да влезе во лифт од зградата. Грабежот е пријавен во СВР Куманово вчера во 10:40 часот.

Како што информираат од полицијата, кумановката додека чекала лифт до неа трчајќи дошло непознато лице и со една рака ја фатило во пределот на устата, ја турнало на подот одземајќи и ја ташната  во која имала 640 денари и лична карта на нејзино име.

Се презема мерки за пронаоѓање на лицето.

 
 
16.05.2016 - 13:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега