Црн ден во Македонија: Починаа две лица - бизарни несреќи и трагедии

Многу несреќи и трагедии во еден ден во Македонија.

Трагедија ја потресе Македонија кога во понеделникот скопјанец почина во бизарна несреќа околу 03 часот во селото Другово во Кичево, откако во изнајмена куќа паднал по бетонски скали.

Според податоците од полицијата, Се работи за 66-годишниот Р.Џкој престојувал во една просторија на куќата, а додека се симнувал по бетонски скали, паднал на грб и со тилот удрил во скалило. Мажот се здобил со повреди и веднаш од страна на други лица кои престојувале во истиот објект бил пренесен во Медицинскиот Центар Кичево, докторите можеле само да констатираат смрт.

Вчера се случи и сообраќајка во 13 часот и 45 минути на локалниот пат за селото Фалише во Тетово. Форд управуван од 17-годишен малолетник се судрил со друг автомобил марка Опел, управуван од 34-годишниот З.Б. од селото Стрименица.

Во незгодата, возачот на „Опел Вектрата“ и неговата сопатничка Р.Б.(38) се здобиле со тешки телесни повреди, по што биле пренесени на скопските Клиники. Со тешки телесни повреди задобило и 6-годишно девојче од истото возило. Тоа со  скршеница на рамо е задржано во тетовската болница за натамошно лекување.

Се случи и вооружена драма во Буњаковец, во маркет на Стокомак, а исто така се случи и трагедија кога почина родилка во Чаир.

 
 
18.05.2016 - 10:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега