Драма: Градежен работник од Македонија се качил на кран и се заканувал со самоубиство

Вистинска драма се одвивала во Италија кога градежник од Македонија се качил на кран заканувајќи се дека ќе се фрли од горе и така ќе си го одземе животот. Како што пишува Дневник, пред три дена во Чиети во јужна Италија. работник од Македонија се качил на кран додека работел и се заканувал дека ќе скокне ако не му исплатат пари за сработеното. 

Според податоците на Дневник, се работи за 36-годишен Македонец кого полицијата го спречила по еден час да си го одземе животот.

Кобното утро околу 7 часот дошол на градилиштето на фирмата Каирос и почнал да вика на цел глас дека ќе се фрли ако не добие пари. 

За среќа драмата завршила без трагичен крај.

 
 
18.05.2016 - 10:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа