ДЕТАЛИ: Исчезнатиот Марјан поминал низ пекол - еве што му правеле

Исчезнатиот Марјан за кој цела Македонија се крена на нозе е конечно пронајден и вратен дома, но како што пишува Телеграф, поминал низ пекол кој никој не би му го посакал ни на најголемиот душман. 

Телеграф разговараше со таткото на 17-годишното момче, Среќко Станојевиќ кој вели дека овие недели неговиот син поминал низ тортура: - Откога исчезна, прво ни јавија дека го виделе во Ресен. Бевме таму, не го најдовме. Излезе дека таа информација не е вистина. После, од нашата полиција ни рекоа дека се качил во автобус на „Ниш експрес“ и заминал за Србија. Од македонската амбасада ни јавија дека е можеби во Белград. Чекав неколку дена, вели таткото низ болка за Телеграф.мк.

Среќко додава дека завчера добил повик од македонската амбасадорка во Белград. Му рекла дека детето е во Амбасадата, да отидат да го земат. Марјан цело време бил кај двајца браќа, најверојатно Роми, во нивната куќа во Белград, во населбата Бежанијска Коса. Едниот, тој што го киднапирал, има само 19 години. Му зеле се, вклучувајќи ги и очилата за тој да не може да гледа и да избега. Поминал низ пекол. Го терале да проси, а ако одбиел го тепале.

Кога таткото конечно по 22 дена си го видел синот, немал ни долна облека на него. Разбојниците кои ќе одговараат пред полицијата му зеле буквално се.

Се уште е нејасно како Марјан, малолетен, само со лична карта ги поминал и македонската и српската контрола на границата.

 

 
 
18.05.2016 - 11:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа