Девојка од Тетово во паника - „Сите ќе ги видат фотографиите ако не излезеш со мене“

Секторот за внатрешни работи Тетово поднесе кривична пријава против 25-годишниот Љ.О. од тетовското село Шипковица, поради сторено кривично дело „злоупотреба на лични податоци“.

-Тој се сомничи дека креирал лажен профил на социјалната мрежа „Фејсбук“, на кој прибирал, обработувал и користел лични податоци  и фотографии за друго женско лице од Тетово, без нејзина согласност, информираат од СВР Тетово.

Покрај тоа, Љ.О. го уценувал женското лице дека, ако не излезе со него, ќе ги објави материјалите, со што ги нарушил и нејзиниот чест и углед.

 
 
18.05.2016 - 12:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега