Прилеп: Тргнал по полицајците со секира

Полициската станица Прилеп поднесе кривична пријава против 20-годишниот У.Е. за загрозување со опасно орудие при тепачка или караница.

 На 3-ти овој месец во полиција било пријавено дека на улицата „Димче Антулески“ има бесправно исечени огревни дрва, по што од страна на патрола од шумската полиција биле превземени соодветни мерки. Кога дошле на местото на настанот биле пронајдени два метри кубни дабови дрва. По ова, откако на младото момче му било кажано дека дрвата ќе бидат одземени од страна на шумска полиција, настанала вербална расправија во која тоа посегнало и зело секира која била оставена покрај дрвата, а откако било реагирано од страна на шумските полицајци пријавениот е приведен  во полициска станица.   

 
 
18.05.2016 - 13:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега