Хорор во Демир Капија: Волци усмртија цело стадо овци

 Дваесетина овци и јагниња изминатата ноќ настрадале од волци во трло во селото Бистренци во општина Демир Капија. 

На терен излегол инспекторот по ветеринарство Илија Ѓелов кој со записник ја утврдил фактичката состојба на лице место. 

​-Околу 7 часот бевме како служба известени за случајот со стадото кое било нападанато од волци. Констатиравме 13 мртви животни, девет овци и четири јагниња. Четири овци  и едно јагне се во тешка состојба, но ветеринарен лекар по соодветниот преглед утврди дека тие не можат да се излекуваат, изјави инспекторот. 

​Мртвите животни, согласно на законот, ќе бидат прописно отстранети, кажа тој.

 
 
18.05.2016 - 19:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега