ФОТО: Ужасна глетка во Куманово - повредени и пешаци

Неколку лица се повредени во сообраќајна несреќа што се случи вечерва после 21 часот, на булевaрот „Октомвриска револуција“ во Куманово во која учествуваа ттри возила „пасат“ „шкода„ и „сеат„.
Според првичните податоци има повредени и пешаци. Со две возила итната помош ги префрлаше повредените во кумановската болница. Од одделението за хирургија информираат дека едно лице е префрлено на клиниките во Скопје.
СВР Куманово врши увид и оттаму најавија дополнителни информации во текот на утрешниот ден
18.05.2016 - 22:38
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа