Три возила го гаснеа пожарот - пеплосана куќа во Љубаништа

Пожар избувна доцна синоќа во вила во викенд-населбата кај селото Љубаништа, на источниот брег на Охридското Езеро.

Пожарот бил пријавен некаде еден час пред полноќ, по што Територијалната противпожарна служба интервенирала со три возила. Пламенот бил набрзо локализиран и изгаснат.

Повредени во пожарот нема, освен предизвиканата материјална штета.

Причините за избувнувањето на пожарот засега не се познати, а ќе бидат јасни по истрагата. 

 
 
19.05.2016 - 10:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега