Пожар во зградата на МВР - гори канцеларијата на Пивоваров

Пред неполн час, вработените на повисоките спратови во зграда 1, таканаречена “министерска” во кругот на Министерството за внатршни работи (МВР) ги вознемирила силна миризба.

Како што јавува Журнал, откако излегле во ходниците вработените увиделе дека димот излегува од канцеларијата на Владимир Пивоваров, еден од највисоките соработници на поранешниот министер од СДСМ, Оливер Спасовски. Загрижени влегле во канцеларијата и забележале дека гори хартија во корпата.

Неофицијално, дознаваме дека била повикана и внатрешна контрола за да се утврди што точно се уништува вон процедура.

pivovarov

Уште синоќа , откако Собранието ја прифати оставката на Оливер Спасовски, неговите соработници почнале чудно да се однесуваат, велат нашите извори. Биле забележани како изнесуваат кеси од нивните канцеларии, по што си заминале со службените возила.

Од МВР велат дека ќе биде направена детална проверка и ако се утврди дека е направено нешто надвор од законот, одговорните ќе бидат санкционирани.

 
 
19.05.2016 - 10:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега