Удрил во карпа, починал на лице место: Страшна несреќа ја потресе Македонија

Уште една страшна сообраќајка ја потресе Македонија. Четириесет и шест годишниот Н.П. од Охрид утринава го загуби животот во сообраќајна несреќа на регионалниот пат А3 Битола-Ресен кај Леворечки мост.

Од полицијата информираат дека несреќата била пријавена утрово околу 5 часот и 20 минути.

Н.П. кој управувал со автомобил Ауди А3 удрил во карпа која се наоѓала покрај патот и починал на лице место. Полицијата извршила увид на местото на несреќата.

 
 
19.05.2016 - 10:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега