СЕМЕЈНА ДРАМА: Синот на својата мајка и ставал нож во устата - несреќната жена итно на Ургентен

Психички болен човек со иницијали П.С. (32) од Ниш, ја нападнал својата мајка денес околу 15 часот и насилно и ставал нож во устата.

Инцидентот се случил во семејсниот стан во зградата на Душанска улица во Ниш, а повредената жена ја спасила ќерката која исто така повикала и Брза помош.

Повреденатаа жена е веднаш пренесена на Клиника во Ниш каде, спсоред првичните информации, и се констатирани лесни повреди.

- Се претпоставува дека П.С. ја нападнал својата мајка во моментите на психички напад. Таа за среќа е добро и нема потешки повреди. 

Жената се здобила со исекотини поради кои од Ургентен е префрлена на ОРЛ Клиника за понатамошни дијагнози, пренесуваат српските медиуми.

Полицијата откако интервенирала болното лице го префрлина во специјална психијатриска болница во Горна Топоница.

Инаку станува збор за маж од Ниш кој во фебруари 2009 година успеал да преживее скок од 9ти спрат од зграда на Душанска улица. Тој скокнал од 25 метри висина и паднал на автомобил рено 5 кој бил паркиран пред влезот. Тој тогаш се здобил со тешки повреди меѓу кои и мозочни пореметувања.

 

 
 
19.05.2016 - 19:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега