Бројни добивките од електронските услуги на ФЗОМ
Фондот за здравствено осигурување на Македонија соопшти дека 11.902 осигуреници досега ги искористиле електронските услуги на порталот на Фондот со кои на брз, лесен и ефикасен начин ги оствариле своите законски права без притоа да мораат да доаѓаат на шалтерите на ФЗОМ.
Сетот електронски услуги ФЗОМ ги воведе во рамки на унапредување и олеснување на комуникацијата меѓу Фондот и осигурениците, фирмите и здравствените работници.
Од воведувањето на електронските услуги, осигуреници, овластени лица и здравствени работници ги искористиле овие електронски услуги и поднеле барање од своите домови или работни места по електронски пат за остварување на одредено право.
Најкористена електронска услуга е за заверка на ортопедски помагала, која 9.508 осигуреници ја искористеле и поднеле документи преку матичните лекари и лекарите специјалисти по електронски пат, а потоа следат барање за БПО (866), извештаии за спреченост при работа (838) и предлог за оцена на привремена спреченост за работа (690).
Придобивките од електронските услуги кои ги воведе Фондот за здравствено осигурување се бројни и за осигурениците и за фирмите и за здравствените работници, при што нема трошење на време и финансиски средства за да се оди до подрачната служба на Фондот. Можноста за увид во сопствениот предмет, дали тој е позитивно или негативно решен и кога ќе биде извршена исплатата доколку се работи за рефундација на средства е исто така една од бројните придобивки од електронските услуги.
За поедноставно и точно информирање кои се потребните чекори и како да се користи електронската услуга, Фондот изготви видео туторијали, кои се краток и едноставен водич како чекор по чекор за начинот како да се користат електронските услуги на Фондот.
Видео туторијалите се објавени на веб страницата на Фондот на следниов линк: http://www.fzo.org.mk/default.asp?ItemID=03745AB41443004A8EAB9A0105914B95 или на линкот на Фондот на youtube: https://www.youtube.com/channel/UCXc5Hr1czS6RKf8-4CDFRVA
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа