Пеколно утро за кумановка

Кумановка преживеа вистински пекол среде бел ден.На улица 11-ти Октомври поточно на автобуската станица во Куманово вчера околу 07,05 часот била ограбена 43-годишна жена. 
Според информациите на МВР, 43-годипната Л.Д  од Куманово пријавила дека додека чекала автобус  од страна на лицето Б.В. од Куманово, и било извршено разбојништво така што и пришол од позади грб и ја удрил со рацете по задниот дел на главата, по што истата паднала на тротоарот и тогаш истиот се обидел да и ја одземе чантата, но откако не успеал во намерата и го одзел мобилниот телефон и го напуштил местото на настанот.

Полицијата превзема мерки за пронаоѓање на сторителот и целосно расчистување на случајот. 

 
 
22.05.2016 - 12:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега