Тешка кражба од автомобил во Скопје

Ноќеска во Скопје  непознат сторител  извршил кражба на патничко моторно возило „Рено Клио“ одземајќи пари, обилни телефони, лап топ, документи и стекнувајќи се со противправна имотна корист од околу 120.000 денари.

Според информациите на полицијата,   на 21/22 мај 2016 година на ул.„Филип Втори“ непознат сторител со употреба на погоден предмет го скршил задното десно стакло од патничко моторно возило „Рено Клио“ со српски национални ознаки сопственост на М.Ш.(37) од Р. Србија и одзел 300 евра, 9.000 српски динари, два мобилни телефони, лап топ, документи и друго по што го напуштил местото на настанот.

Полицијата работи на случајот. 

 
 
22.05.2016 - 13:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега