Трагедии, смрт и силување - црн викенд во Македонија

Црн викенд во Македонија. Многу несреќи, трагедии, исчезнувања и смрт за три дена.

Во петокот се случи страшна сообраќајка кај Катланово кога на влезот на Катлановска бања се судриле автобус кој сообраќал од Транспортниот центар кон бањата и автомобил марка „Застава“. Според информациите на полицијата, судирот се случил помеѓу автобус на ЈСП со скопски регистерски таблици, управуван од 49-годишниот З.Ц. и автомобил „застава 101 ГТЛ 55“, со скопски регистерски таблици управуван од 29-годишниот Димче К. од Скопје, кој за жал на местото на несреќата им подлегнал на повредите.

За време на викендот поднесена е кривична пријава против 30-годишниот  А.Ч  од Албанија, и против 51-годишниот К.К од Кичево за силување. Тие во периодот од 19-ти до 20-ти овој месец, во куќата сопственост на К.К. во Кичево, злоупотребувајќи ја нејзината душевната растроеност, извршиле обљуба врз 19 годишна девојка од Охрид која на 19 мај била пријавена како исчезната.

Се случиле и многу кражби, а има и неколку исчезнати лица за кои што семејствата молат за помош.

 

 
 
23.05.2016 - 08:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега